Почетна Вести Отец Пимен: Не палете огнови, спалете не нас клада, ако така ви е полесно
Отец Пимен: Не палете огнови, спалете не нас клада, ако така ви е полесно

Отец Пимен: Не палете огнови, спалете не нас клада, ако така ви е полесно

5.99K
3

Владиката Пимен на својот Фејсбук профил испрати порака до верниците по повод вчерашниот апел на Македонската православна црква-ОА да не се палат бадникарски огнови, а собраните дрва да се донираат на сиромашните семејства, особено наменета на оние кои жестотко се противеа на одлуката на црквата, обвинувајќи ги владиците дека ја нарушуваат долгогодишна традиција меѓу народот на овој ден.

pimen-statusНегативните коментари на социјалните мрежи беа изразени во големи напади на црквата и владиците, како на пример, да ги продадат колите во кои се возат, а не на народот да му забрануваат да се весели на маалските огнови.

Отец Пимен во негов стил на изразување им порача на верниците да не палат огнови, туку да ги спалат нив (мислејќи на претставниците на црквата) на клада, ако им е така полесно. Потоа постави неколку поенти до верниците, прашувајќи ги кои се свештениците и владиците да им кажуваат како да стават Бадник и што знаат претставниците на црквата што е исправна вера?!
На крајот во иронична форма ги праша зарем на толку џипови и скапи коли ќе ги слушаат владиците?!

Ова е оригиналниот статус на Владиката Пимен, кој е пропратен со фотографија од свештеник кој го палат врзан за дрво.

„Не палете огнови, нас спалете нè на клада чим ви е полесно. Кои сме ние да ви кажеме како да славите Бадник? Шо знаеме ние што е исправна вера? На толку џипови и скапи коли нас ќе не слушате?“

Р.З.

Коментар(3)

  1. Ако сме верници, значи верни на Христос, на ова е доволно само да кажеме, прости отец, помоли се за мене.

  2. Vo slava na Gospoda koj odnovo treba da se rodi vo srcata nasi , ja molime Presvetata Bogorodica da gi stiti u ukrepuva nasite molitveni zastapnici pred novorodeniot

  3. До сите свештеници кои што мислат дека му служат на Христа, продајте ги вашите богатства и парите поделете ги на сиромашните. Само така ќе влезете во Царството Христово

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *