Почетна Вести Црковниот одбор од Илинден уценува: 100 евра или нема погреб
Црковниот одбор од Илинден уценува: 100 евра или нема погреб

Црковниот одбор од Илинден уценува: 100 евра или нема погреб

1.69K
0

Црковниот одбор на црквата Свети Константин и Елена од општина Илинден донел скандалозна одлука со која ги задолжува сите семејства да одвојат по 100 евра за изградба на храмот, во спротивно се заканува дека нема да врши погребни опела за починатите на оние кои нема да платат.

marjan slikaОдлуката е донесена во декември минатат година, со важност од 1 јануари оваа 2016 година. Ова известување денеска се појави на социјалните мрежи и предизвика огромен, оправдан револт кај верниците.

Во Скопската епархија на МПЦ велат дека станува збор за самоиницијативна одлука на одборот и потенцираат дека донациите кон црквата, вклучувајќи и донации за изградба на храмови, ниту се, ниту пак смеат да бидат задолжителни.

Скопската епархија ќе ја провери веродостојноста на оваа исвестување и доколку е такво тоа ќе биде укинато, неофицијално дознава „Религија.мк“.

 

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *