Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба извршена од католичко свештенство

Date:

Share post:

Шпанија ќе формира фонд, финансиран претежно од Католичката црква, за да им плати отштета на околу 440.000 жртви на повеќедецениската сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници, персонал близок до нив и наставници, објави денеска министерот за правда Феликс Боланос.

Ваква оценка даде и извештајот на шпанскиот омбудсман во октомври по спроведена анкета меѓу осум илјади луѓе.

Тогаш беше препорачано формирање на државен фонд, а црквата беше обвинета дека не соработувала и дека се обидувала „што повеќе да ја намали оваа појава“.

Министерот Боланос изјави дека црквата, која беше исклучително влијателна во шпанското општество и политика до и по крајот на десничарската диктатура во 1970-тите, со децении не ги исполнила барањата за компензација и дека нејзините реакции на извештајот варираше во зависност од епархијата.

„Сакаме да дејствуваме за да го спречиме, поправиме и да се обидеме да го вратиме долгот што нашето општество гго има кон жртвите“, рече Боланос.

Владиниот план, кој треба да се реализира до 2027 година, предвидува се уште недефинирана формула со која од црквата би се барала „исплатата на целокупниот надоместок или нејзиниот поголем дел, како и гаранција за другите елементи од симболичната компензација“.

Боланос рече дека неговото министерство ќе преговара со епископите за придонесот што црквата е подготвена да го плати во фондот и дека има впечаток дека свештенството е подготвено да соработува.

Во ноември црквата првпат објави дека има намера да ги обесштети жртвите и во случаи кои не се целосно решени, бидејќи во меѓувреме починал свештеникот кој го извршил злосторството.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Црквата и студентските протести

проф. д-р o. Владан Перишиќ   Што е тоа во оваа српска реалност – мрачна и злокобна поради криминалот што...

Владиката Петар служеше во Сремски Карловци – СПЦ не соопшти од која црква доаѓа

Српската православна црква продолжува да не ги раздвојува македонските од српските владици во јавните известувања. Официјалната црковна телевизија...

Српскот етнички шовинизам ја премина границата на толеранција во Македонија

Во последниот период сме сведоци на сè почести појави кои сериозно го нарушуваат достоинството на македонскиот народ и...

Пимен 19 години владика во Европа

Европскиот митрополит Пимен одбешежа 19 години како управува со Европската епархија на МПЦ-ОА. За оваа годишнина тој му се...