Почетна Вести Нов ценовник на Бугарската Црква
Нов ценовник на Бугарската Црква

Нов ценовник на Бугарската Црква

475
0

Синодот на Бугарската Православна Црква донел одлука двојно да ја зголеми цената на свеќите за црквите и манастирите на БПЦ. Одлуката била донесена уште на почетокот на декември, но поради страв од револт, била чувана во тајност.

Храмовите сега за килограм свеќи ќе плаќаат 80 лева, наместо досегашните 40 лева. Од тие средства, повеќе од половината се пари за буџетот на Синодот на БПЦ, 13 проценти одат за Епархискиот буџет, а останатите како приход на црквата која ги продава.

Висната на поединечните свеќи пак, ќе биде исто така двојно зголемена. Најпродаваниот вид на свеќи од досегашните 20 стотинки, (или 6 македонски денари) ќе се продава за 40 стотинки.

Ценовникот на БПЦ, потпушан од Патријархот
Ценовникот на БПЦ, потпишан од Патријархот

Бугарската јавност веќе оценува дека овој потег на Синодот на БПЦ е во насока на дополнително прибирање на средства во црковната каса. Од друга страна пак, свештениците велат дека со 10 стотинки, колку што сега чини една свеќа, во Бугарија освен свеќа, други ништо не може да се купи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *