Почетна Вести ЕКСКЛУЗИВНО: Пресврт во односите во Православниот свет
ЕКСКЛУЗИВНО: Пресврт во односите во Православниот свет

ЕКСКЛУЗИВНО: Пресврт во односите во Православниот свет

1.88K
0

Вселенската Патријаршија го признала изборот на Митрополитот Ростислав за Архиепископ на Чешката и Словачка Православна црква, објави вечерва грчкиот портал, „Ромфеа“, повикувајќи се на ексклузивни информации добиени од виоски црковни извори во Патријаршијата во Фанар.

Одлуката за потврдување на неговиот избор за Архиепископ била донесена на седницата одржана вечерва во седиштето на Вселенската патријаршија.

Истите извори, кои ја потврдиле веста за „Ромфеа“, откриле и дека Архиепископот на црквата на Чешка и Словачка, Ростислав му се извинил на Патријархот Вартоломеј за неодамнешните отворени и јавни критики упатени на негово име за начинот на кој ја води Всленската патријаршија. Извинувањето на Ростислав било и клучно за оваа вечерашна одлука за признавање на неговиот избор.

Овој пресврт во односите во Православната црква е мал, но значаен позитивен сигнал пред престојната средба на поглаварите на Православната црква во Шамбези – Женева, закажана за 21 јануари, од која пак ќе зависи дали оваа 2016 година ќе се одржи долгонајавуваниот Вселенски собор на Православната црква.

Меѓу отворените прашања на релација, Москва – Фанар беше токму и Ростислав. Неговиот избор за Архиепископ го призна Руската православна црква и покрај противењето на Вселенската патријаршија.

Ростислав, претходно го критикуваше Вартоломеј дека на некој начин го узурпира православието, наметнувајќи го своето влијание како пресудно во односите во Православната црква.
Вартоломеј одби да го признае Ростислав за Архиепископ, а Руската црква го услови нејзиното учество во подготвителните комисии за Вселенскиот собор со неговото признавање.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *