Почетна Вести Муслиманите од Франција нудат „чај на братството“ и спознавање на вредностите на исламот
Муслиманите од Франција нудат „чај на братството“ и спознавање на вредностите на исламот

Муслиманите од Франција нудат „чај на братството“ и спознавање на вредностите на исламот

728
0

Стотици џамии низ цела Франција викендов ги отворија вратите за посетители, на кои им се нудиеше „чај на братството“, а воедно беа држени предавање со објаснувања за исламот како мирољубива релијија на разбирањето, пренесуваат француските медиуми.

Францускиот Совет за муслиманска вероисповед ја презеде оваа иницијатива една година по џихадистичките атентати во Париз, во текот на јануари 2015 година, кога беа нападнати сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ и еврејски супермаркет.

-Си го поставивме прашањето што ние можеме да направиме за да го засилиме разбирањето и сплотеноста на нацијата, кога ќе се споменат овие настани, изјави претседателот на Советот, Анвар Кбибеш.

-Одлучивме дека место да се враќаме назад кон трагичните настани, покорисно и поважно ќе е да го одбележиме духот на 11 јануари, на огромните граѓански настани во неделата по атентатите. Тоа го правиме со еднинствена цел, да размениме мислење со верниците, како и со сите наши сограѓани за да ги истакнеме вистинските вредности на исламот и да ги разбиеме клишетата за врската со насилството и тероризмот, вели тој.

„Чајот на братсвото“ се одрржува под различни форми: пиење топли напивки и јадење слатки, дискусии, атељеа за калиграфија, покана за присуство на петте дневни молитви, посочуваат француските медиуми.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *