Почетна Религија.мк

Религија.мк

Religija.mk е првиот и единствен “Молитвеник за информации” на македонскиот медиумски простор, кој ќе претендира да прерасне во првата верска информативна агенција во Македонија.

Проектот Религија.мк е интернет медиум кој нема да спори со верата и религијата, ниту пак е медиум кој ќе претендира да биде некаков вероучител. Верта е индивидуален избор на поединците, а верските учења дискрециони права на верските заедници.

Религија.мк е тука за да соопшти и пренесе што повеќе вести и информации, кои на каков било начин имаат поврзаност со религијата и верата, или пак на каков било начин влијаат врз животот на верските заедници.

Религија.мк, не е интернет портал на МПЦ-ОА, ниту на ИВЗ, ниту пак на која било верска заедница во Македонија. Религија.мк е новинарски производ, кој ќе биде отворен простор за сите верски заедници и религиозни групи во Македонија.

Ќе им помага на верските институции, чистата и искрена верска порака и поука да стаса до сите, до верниците, но и до различните по верско убедување. Но, истовреме овој интерет сајт ќе биде и отворен критички простор за сите погрешни политики на верските заедници и секоја злупотреба на верата и религијата.
Религија.мк ќе се обиде да ја афирмира политичката теологија, да ги анализира односите на државата и верските заедници, да биде промотор на секуларноста, не на атеизацијата или догматизацијата на општеството.

Овој интернет простор ќе биде промотор на информации и иницијатор на зголемена меѓуверска комуникација. Целта е искрена и секојдневна меѓуверска комуникација на институционално, но особено на општествено ниво.

Религија.мк е против секаков вид на говор на омраза, особено против говорот на омраза заснован на различна верска основа.

Религија.мк е новинарски медиумски производ, а не верски портал.

Главен и одговорен уредник: Марјан Николовски

Основач
Марјан Николовски – Новинар