Почетна Вести Груевски покрена иницијатива за меѓународен орден за заслуги „Света Мајка Тереза“
Груевски покрена иницијатива за меѓународен орден за заслуги „Света Мајка Тереза“

Груевски покрена иницијатива за меѓународен орден за заслуги „Света Мајка Тереза“

1.00K
0

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски покрена иницијатива за доделување на меѓународен орден за заслуги „Мајка Тереза“. Идејата е ова одликување Македонија да им го доделува на истакнати жени од светот за особени и вонредни достигнувања во областа на хуманизмот.

11-Токму на овој историски ден, по разговори со повеќе пријатели и соработници, одлучив да покренам една иницијатива за воспоставување со закон меѓународен орден за заслуги „Мајка Тереза” кој би се давал на истакнати жени од светот со особени и вонредни достигнувања во различни области особено во областите како филантропијата, хуманизмот, помагањето на многу болни и многу сиромашни луѓе со лична жртва или ризик, остварени различни видови достигнувања со различни активности за мир, хуманост итн. Замислата е орденот за заслуга да се воспостави со точен ред и прецизни критериуми со единствен домашен и меѓународен борд во кој задолжително би учествувал секој министер за надворешни работи од Македонија, но во бордот би биле, покрај него и други личности од Македонија, а би имало и истакнати високо авторитетни личности од различни држави и области во светот. Би се воспоставил прецизен ред по принципот како тоа што е направено во земји со долга традиција од ваков вид, на пример Франција или Англија. Самиот чин на давањето и врачувањето на орденот за заслуга би бил афирмација на делото и животот на Мајка Тереза, но и афирмација на Македонија. Се разбира би било и огромна чест за оној кој ќе ја прими и кој ја заслужил, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.

Тој оценува дека Мајка Тереза е дефинитивно најпознатата скопјанка во Светот и заслужува да и се оддаде почит.

Низ многуте средби како премиер лично се уверив во огромната почит која истата ја има насекаде низ светот, во земји со различни култури, религии и нации, различен социјален статус, од најобични луѓе до врвни личности во политиката, бизнисот, науката и верски водачи и нивни следбеници од различни религии. Кога помагаше, Мајка Тереза не прашуваше ниту за вера, ниту за етничка припадност, ниту за социјален статус. Помагаше на сите на кои им требаше помош. Низ годините, восхитени од нејзината лична жртва илјадници поимотни луѓе почнаа да го помагаат и финасираат нејзиното дело и активности, длабоко верувајки во неа. Целата таа помош таа ја користеше во нејзината единствена цел и мисија: да им помогне на најсиромашните меѓу сиромашните и на најтешко болните напуштени од сите, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *