Почетна Вести Регион Порфириј на средба со Џејмс О’Брајан
Порфириј на средба со Џејмс О’Брајан

Порфириј на средба со Џејмс О’Брајан

351
0

Српскиот патријарх Порфириј разговарал со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан. На средбата во патријаршиската резиденција во Белград бил и Кристофер Хил, амнасадор на САД во Србија.

СПЦ соопшти дека главниот фокус на разговори била иницијативата за резолуција за Сребреница, но и ситуацијата на Косово.

-Истакнувајќи ја важноста за унапредување на односите на Србија со САД, во духот на пријателството, кое долг историски период го одликуваше односот на српскиот и американскиот народ, пооглаваролт на СПЦ ги запозна гостите со неизменетите ставови на СПЦ дека Косово и Кетохија се дел од Република Србија. Со оглед на овој факт, Патријархот како штетно го оцени вклучувањето на Косово и Метохија во Советот на Европа. Неговата Светост искажа крајна загриженост и како потполно штетна ја оцени иницијативата за изгласување на резолуција за Сребреница во Генералносто Собрание на ООН, притоа не доведувајќи ги во прашање фактите дека сите кои направиле какви било воени злосторства дека треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Наспроти тоа таквата иницијатива, која не само што не носи ништо добро, туку народите кои со векви делат ист животен простор ги става пред нови искуженија и предизвици. СПЦ ќе продолжи да повикува на љубов и разбиорање, да гради мир, како на Косово и Метохија, така и во Босна и Херцеговина, пишува во соопштението на СПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *