Почетна Вести Грчката црква секоја година дистрибуира нафта за школи и градинки
Грчката црква секоја година дистрибуира нафта за школи и градинки

Грчката црква секоја година дистрибуира нафта за школи и градинки

504
0

За четири години, хуманитарната организација на Атинска архиепископија донирала речиси 323 тони нафта за училиштата и градинките во сиромашните средни во северните региони на Грција.

Акцијата која почнала во 2012 година и веќе четврта зима се организира, опфаќа 125 образовни институции на кои им е потребна нафта за греење.

Целта е да се обезбеди поддршка во оддалечените области погодени од економската криза и да им се помогне на луѓето кои живеат во тие области со тешки зимски услови.  Оваа зима биле дистрибурани 71,500 литри нафта во 33 различни објектот во регионот на „Македонија“, „Тракија“ и „Епир“.

Од декември 2012 година, до јануари 2016 година се дистрибуирани повеќе од 322 889 литри нафта на повеќе од 125 училишта, градинки и институции во овие региони, соопштува хуманитарната организација на Атинската архиепископија.

Набавката и дистрибуцијата на нафта е финансирана од страна на грчката дијаспора.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *