
Црквата го благословува само бракот, а не други форми на заедничко живеење. Ова Грчкиот архиепископ, Јероним им го порачал на средношколците со кои имал средба и разговарал за различни прашања со кои тие се соочуваат во животот на нивна возраст.
Средношколците покажале голем интерес поради одлуката на Архиепископот да ги посети и да разговара лично со нив за нивните проблеми. Јероним бил отворен за сите теми порачувајќи им да прашаат се што е поврзано со Црквата и младите.
Најголем интерес предизвикал разговорот за граѓанските партнерства и ставот на Црквата за тоа прашање.
Архиепископот Јероним истакнал дека “за Црквата заедницата на маж и жената, преку светата тајна бракот е свето и само таа форма на заеднички живот ја благословува.
-Други форми на кохабитацијата не се во согласност со учењето. Се разбира, секој е слободен да го прави она што му го кажува срцето и Црквата ја почитува таа слобода, но тоа не значи дека прифаќа или одобрува живот спротивно на христијанското учење. Но, секогаш, без разлика кој избор ќе се направи, треба и да се преземе одговорноста за тоа, им пренел Јероним на учениците.