Почетна Вести Регион Амфилохије: Вартоломеј ја злоупотреби својата позиција
Амфилохије: Вартоломеј ја злоупотреби својата позиција

Амфилохије: Вартоломеј ја злоупотреби својата позиција

792
3

Уште еден митрополит на Српската Православна Црква застана во одбрана на Руската Црква и остро го нападна Вселенскиот Патријарх за неговата одлука да признае автокефалност во Украина.

Митрополитот Амфилохије во изјава за РИА Новости, вели дека Вартоломеј ја злупотребил својата позиција.

Прашањето за црквата во Украина може да се реши само од Сеправославниот совет, одлуката на Константинополската православна црква  за давање автокефалност е злоупотреба на својата позиција, изјави Митрополитот на црногорско-приморската српска православна црква.

Тој смета дека ова прашање за Украина треба да се решава на Сеправославен собор, како што се залагала Руската Православна Црква.

Коментар(3)

  1. Погрешно, Г. Амфилохие. Патријархот не ја злоупотреби туку напротив, најпосле ја исползува својата позиција за добро на целото Православие. Онаа позиција што му беше доделена со правилата на Вселенските собори и што вие му ја узурпиравте со вашата поголема сестра – Руската Патријаршија. Доволно се воздржуваше сите овие години да не го искористи своето право. Чао Србија!

  2. Г. Амфилохие, не ви беше доста што го распнавте народот на МПЦ – ОА, па сега се нафрливте и на Константинопол, та го обвинувате Вселенскиот Патријарх за злоупотреба на својата позиција. Сфатете еднаш дека со сето ова правите голем грев и тоа ќе ја чини и вашата Црква, и вашата многу возљубена нација, која ја љубите пред Христос и пред Православието.

  3. Bravo za Viktorija i Ivana, podobro se razbiraat od mitropolitot Amfilohije vo crkovnite raboti.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *