Почетна Вести Свет Суспендиран рускиот свештеник кој отслужи опело за Навални
Суспендиран рускиот свештеник кој отслужи опело за Навални

Суспендиран рускиот свештеник кој отслужи опело за Навални

215
0

Московската епархија на Руската православна црква му изрече тригодишна суспензија на свештеникот кој одржа парастос за починатиот опозиционер Алексеј Навални. Епархијата не кажа која е причината за суспензијата на Дмитри Сафронов, на кого му се забранува да ги врши сите свештенички должности до 2027 година.

Сафронов исто така е преместен во друга црква во Москва.

„По завршувањето на периодот на покајание, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, соопшти епархијата.

Сафронов го водеше парастосот за Навални на 26 март, на кој присуствуваа илјадници луѓе. Најжестокиот критичар на Владимир Путин почина во февруари на 47 години.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *