Почетна Вести Папата и Рускиот патријарх на историска средба во Куба
Папата и Рускиот патријарх на историска средба во Куба

Папата и Рускиот патријарх на историска средба во Куба

523
0

Рускиот Патријарх Кирил и Папата Франциск на 12 февруари ќе направат историска средба во Куба. Рускиот патријарх тогаш патува во официјална посета на Куба, а Римокатоличкиот поглавар во тој период е во посета на Мексико. Папата Франциск практично ќе слета во Куба само за да оствари средба со Патријархот Кирил. Средбата ќе се одржи на аеродромот во Хавана, по што Франциск ќе ја продолжи посетата на Јужна Америка.

Средбата меѓу двајцата, највлијателни светски верски лидери била планирана подолго време, а местото практично го избрал Рускиот патријарх.

Папата Франциск веќе подолго време инсистира на таква средба, а уште во 2014 година изјави дека е подготвен да замине каде било, каде што Патријархот Кирил ќе го повика на средба.

Московската патријаршија ја потврди средбата со официјално соопштение, посочувајќи ја како исклучително важна која ќе означи нова фаза во односите меѓу двете цркви.

Интересен податок во соопштението е начинот на кој РПЦ, ја нарекува Куба. Во соопштението пишува дека средбата ќе се одржи на „островот на Слободата“.

-Московската Патријаршија и на Светата Столица сакаат овој настан исто така да биде знак на надеж за сите луѓе со добра волја и да ги поттикне сите христијани на молитва со благослов на Бога претстојниот состанок донесе добри плодови, стои во соопштението на Московската патријаршија.

Главна тема на разговорот се очекува да биде прогонот на Христијаните на Блискиот Исток и во други делови од светот.

Руската православна црква, за разлика од Вселенскиот патријарх Вартоломеј, не е многу наклонета кон засилен дијалог со Католиците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *