Почетна Вести ТРАМП: Жените кои абортираат мора да бидат казнети
ТРАМП: Жените кои абортираат мора да бидат казнети

ТРАМП: Жените кои абортираат мора да бидат казнети

216
0

Претендентот за републикански претседателски кандидат во САД Доналд Трамп изјави дека жените кои абортираат би требало „на некој начин да бидат казнети“, без да наведе каква казна би требало да добијат.

– Мора да има некој вид казна, изјави тој во емисијата на ТВ мрежата МСНБЦ за време на дебатата дали абортусот треба да се забрани.

На инсистирање на водителот каков вид казна би требало да има, Трамп рече дека се уште не одлучил за тоа.

Тој дополни дека се залага за живот со три исклучоци, но не наведе кои се тоа исклучоци.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *