Почетна Вести И Антиохиската Патријаршија откажа учество на Сеправославниот собор
И Антиохиската Патријаршија откажа учество на Сеправославниот собор

И Антиохиската Патријаршија откажа учество на Сеправославниот собор

297
0

Антиохиската Патријаршија нема да учествува на Сеправославниот и Голем Собор закажан за 16 јуни на Крит се додека не се решат причините кои ја отежнуваат неговата работа.  Таква одлука, како еден од петте заклучоци едногласно донел Синодот на Патријаршијата и за тоа го известил и Вселенскиот Патријарх, Вартоломеј.

Антиохиската патријаршија, е втората од 14 автокефални православни цркви, која заедно со Бугарската донесе одлука да не учествува на Сеправосдлавниот собор, а воедно и да бара негово одложување.

antiohiska 2Владиците на Антиохија, одлучиле да побраат од Вартоломеј да го обезбеди потребното единство и присуство на сите цркви, во спротивно да го одложи Соборот.

-Отците на светиот и свештен Синод на Антиохиската Патријаршија едногласно го одлучија, да ја повикаат Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх, да вложи повеќе труд за постигнување согласност за сите несогласувања кои беа изразени од православните автокефални Цркви и кои се однесуваат на светиот и велик Собор, во временскиот период што нè одделува од денот на свикување на овој Собор. Доколку обидите да се постигне согласност дојдат до безизлез, тогаш Антиохиската Црква ќе повика на одложување на свикувањето на светиот и велик Собор за подоцнежен датум, кога ќе преовладеат мирни врски помеѓу сите автокефални Цркви и ќе биде осигурена православната согласност за темите на Соборот и за неговиот Правилник, но и за процесот на неговото организирање, пишува во првиот заклучок од одлуките на Синодот на Патријарпијата.

Во вториот заклучок, Антиохиската патријаршија оценува дека е безпредметно нејзино учество на Соборот се додека не се реши спорот со Ерусалимската патријаршија за јуриздикцијата врз Катар.

-Антиохиската Патријаршија едногласно одлучи да не учествува на светиот и велик Собор, сè додека не се разрешат сите причини што го попречуваат учеството во Божествената Евхаристија за време на Соборот, кога ќе се најде конечно решение за упадот на Ерусалимската Патријаршија во границите на Антиохиската Патријаршија, што доведе до прекин на општењето со Ерусалимската Патријаршија. Да се потврди уште еднаш значењето на учеството на сите православни автокефални Цркви на светиот и велик Собор и на прифаќањето на неговите одлуки во присуство и со согласност на сите, согласно на почетниот договор, а со цел да се запази единството на соборната, православна Црква, стои во останатите точки од заклучоците на Синодот на Антиохиската патријаршија.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *