Почетна Вести Антиекуменистите покрена интернет петиција против Соборот на Крит
Антиекуменистите покрена интернет петиција против Соборот на Крит

Антиекуменистите покрена интернет петиција против Соборот на Крит

278
1

Антиекуменистите, кои се погласно се противат против одржувањето на долгонајавуваниот Собор на Православната црква на Крит, покренаа и интернет петиција против две од точките на соборот, а кои се поврзани директно или индиректно со дијалогот и односите на Православната црква со останатите христијански цркви.

Интернет петицијата ја иницираа двајца монаси на Бугарската православна црква, кои паралелно испратија и писмо до Синодот на БПЦ и Патријархот Неофит во кое бараат БПЦ да се спротивстави на овие точки од дневниот ред на соборот.

Петицијата досега ја потпишале над 1000 лица, свештеници и обични верници од Бугарија, но интересно е што таа добива се поголеми размери и во останатите православни држави, претежно во Русија, Молдавија, Србија и на тој начин станува едно општо обединување на антиекуменистите.

Иако на почетокот формуларот на петицијата беше општ без барање за потврда, сега поради неколку злупотреби таа е организирана со инструменти кои овозможуваат заштита од злоупотреба и на тој начин и даваат поголема веродостојност.

Петицијата е насловена „Православна вероисповедна позиција наспроти Соборот во јуни“ и главен аспект е антекуменизмот.

Според авторите на петицијата Православната црква не смее да дозволи каква било толеранција кон оние кои се отцепиле од христијанската црква. Тие дури потенцираат дека, сите освен Православните немаат право да се нарекуваат ниту „Христијани“. За нив особено спорно е што во официјалните документи за Соборот инославните се нарекуваат „христијани на други цркви“ и се зборува за дијалог во „христијанскиот свет“

Вториот акцент на петицијата е точката за црковните бракови. Овде антиекуменистите остро се спротивставуваат на можноста да се прави црковен брак меѓу Православни и инославни верници. Со други зборови, тие сметаат дека Православната црква може да венча маж и жена кои доаѓаат од Православна вероисповест.

Погледнете ја статистиката на петицијата:

Иницијатори на Петицијата
Иницијатори на Петицијата

 

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *