Почетна Вести Во Тексас почна градбата на најголемиот крст во САД
Во Тексас почна градбата на најголемиот крст во САД

Во Тексас почна градбата на најголемиот крст во САД

248
0

Во Соединетите американски држави почна градбата на најголемиот Крст. Лоциран е во Тексас, во областа „Корпус кристи“.

Ако се оди според планот, Тексас ќе биде „дом“ на најголемиот Крст на западната хемисфера. Највисоката точка ќе биде 210 стапки, или нешто повеќе од 64 метри.

Проценките се дека тој ќе биде видлив од авион кој лета на меѓународна кота над Корпус кристи. Ќе биде видлив и 5 милији, или 8 километри од земјата.

Проектот за изградба траел повеќе од три години, а минатата недела бил поставен камен темелникот.

Проценките се дека изградбата ќе чини повеќе од еден милион долари, а идејата е да се привлечат што повеќе туристи.

Изградбата ќе биде од челик, а проектиран е да издржи и урагански ветрови, нешто што често се случува во САД.

Највисокиот крст во светот. Мадрид Шпанија, висок 150 метри
Највисокиот крст во светот. Мадрид Шпанија, висок 150 метри

Сепак, ова не е единствениот крст во Тексас. Има неколку, но тие се со максимална висина до 190 стапки, или 57 метри.

Сепак тој нема да биде најголемиот крст во светот, кој се наоѓа во Мадрид, во Шпанија. Висок е 150 метри.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *