Почетна Вести Кениски муслимани одбранија христијани од напад на терористи
Кениски муслимани одбранија христијани од напад на терористи

Кениски муслимани одбранија христијани од напад на терористи

316
0

Кениските муслимани застанаа во одбрана на своите сонародници христијани откако исламската терористичка организација, Ал Шабад нападнала автобус полн со цивили на северо-истокот од Кенија, јавуваат светските медиуми.

Откако автобусот бил запрен од терористичката група, која имала намера да ги убие христијаните, останатите патници муслимани, побарале и тие да бидат убиени заедно со нив, или да ги остават сите на мира.

Сепак, две лица загинале во обид за бегство.

Инцидентот е еден од низата што оваа терористичка организација, која дејствува во Сомалија ги извршила досега претежно врз христијанско население кое гравитира околу границиата со Сомалија. Пред една година во напад на Ал Шабад загинаа 28 христијани, враќајќи се од Божиќ. Најголемиот масакар од овие терористи беше оваа година во кој загинаа148 лица, најголем број немуслимани.
Одлуката на муслиманите кои се возеле заедно со христијаните во автобусот да се спротистават на исламските терористи е оценета како силно чувство на патриотизам и солидарност.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *