Почетна Вера Македонското друштво „Илинден“ со честитка за Курбан Бајрам
Македонското друштво „Илинден“ со честитка за Курбан Бајрам

Македонското друштво „Илинден“ со честитка за Курбан Бајрам

10
0

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и разгранокот за Голо Брдо, упатија честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

– До сите Македонци од исламска религија, каде и да живеат, како и до сите верници од исламска религија во Албанија и во целиот свет упатуваме срдечни честитки по повод големот празник Курбан Бајрам. На сите ним им посакуваме среќата да им биде вечен придружник, верата закон, богатството симбол, а болката непознато чувство. Посакуваме мир, спокојство и благосостојба во нивните семејства, се наведува во честитката.

На сите верници, како што стои во честитката, отпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на разгранокот Или Халилај, им поскакуваат како светост да ја чуваат и негуваат традицијата на верска хармонија и меѓуетничко почитување и разбирање.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *