Почетна Вести Христијанство Пленковиќ гостин во црквата на МПЦ-ОА во Загреб – утре осветување на првата црква изградена во канонско подрачје на СПЦ
Пленковиќ гостин во црквата на МПЦ-ОА во Загреб – утре осветување на првата црква изградена во канонско подрачје на СПЦ

Пленковиќ гостин во црквата на МПЦ-ОА во Загреб – утре осветување на првата црква изградена во канонско подрачје на СПЦ

1.54K
0

Европската Епархија на МПЦ-ОА утре во Загреб ќе ја освети првата новиизградена црква во Хрватска, со што ќе испеше значајна историја за македонската црковна заедница. Чинот на осветување на црквата Света Злата Мегленска, ќе го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со надлежниот  Митрополит Европски г.Пимен и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Вечерва Архиепископот отслужи вечерна Богослужба, а меѓу гостите беше и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

-Тоа еполитика на целата Влада на Република Хрватска, поддршка на Македонија на нејзиниот европски пат, но и на патот на политичка, економска, културна и трговска соработка што ја имаме и која е исклучително важна, изјави Премиерот Пленковиќ, по Богослужбата во македонската црква во Загреб.

-Јас сакам денеска овде да ираам голема благодарност на хрватскиот народ, на Владата на Република Хрватска, на католичката заедница кои ни помогнаа. Без нивната помош ова денеска сигурно немаше дабиде. Ова е македонска православна црква и таква ќе остане, изјави Кирко Велински, свештеник на МПЦ-ОА во црквата во Загреб.

Осветувањето на оваа црква има исклучително големо значење, затоа што ова е прва црква што МПЦ-ОА ја изгради во канонско подрачје што се води како јуриздикција на СПЦ. Сегашниот српски патријарх Порфириј, кој во 2014, кога почна изградбата беше Загребачко-љубљански Митрополит остро се спротивставуваше на изградбата.

Незјината градба не беше воопшто лесна, но најголема заслуга за утрешното осветување има поранешниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ кој беше одликуван и со орден од Прв ред на Свети Климент Охридски. Црквата што почна да се гради беше овозможена токму со дозвола за изградба обезбедена од  Градското загребско собрание, на 700 квадратни метри во непосредна близина на центарот на Загреб.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *