Почетна Вести Христијанство Македонија подготвена за историската посета на папата Франциск во мај

Македонија подготвена за историската посета на папата Франциск во мај

648
0

Македонија е подготвена за посетата на папата Франциск. Се утврдуваат последните детали од историската, прва посета на еден поглавар на католичката црква на земјава, а од министерството  за надворешни работи велат дека Македонија спремно и безбедно ќе го дочека и испрати високиот гостин и делегацијата од Ватикан.

Папата Франциск ќе ја почне посетата со официјална церемонија на аеродромот Скопје изутрината на 7-ми мај. Неговиот 10 – часовен престој во земјава ќе има набиена агенда. Официјалниот дел на посетата продолжува во претседателската вила на Водно, каде што папата ќе биде пречекан со највисоки државни почести, по што ќе следува и средба со претседателот Иванов.

Оценувајќи дека посетата на папата е настан од историско значење и признание за државава, скопскиот бискуп Киро Стојанов очекува папата да упати силни пораки за време на неговиот претсој.

Дали папата ќе помине со својот автомобил низ улиците во Скопје, ќе зависи од временските услови.

Од МНР додаваат дека за успешна организација на настанот е креирана посебна интернет страна papa.mk, на која се објавуваат сите вести и информации поврзани со посетата на папата Франциск на Македонија.

/сител

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *