Почетна Вести Чудо во МПЦ во Австралија, велигденско јајце и по пет години целосно здраво
Чудо во МПЦ во Австралија, велигденско јајце и по пет години целосно здраво

Чудо во МПЦ во Австралија, велигденско јајце и по пет години целосно здраво

1.17K
0

Велигденско јајце коешто било украсено од отец Гаврил, архимандритот на МПЦ во Австралија, останало сосема здраво и по цели 5 години од бојадисувањето.

Приказната за велигденското јајце, заедно со фотографиите кои сведочат за неговата свежина и целовитост ја објавија македонските верници во Австралија.

Тие велат дека, Отец Гаврил решил да го скрши велигденското јајце кое иако малку напукнато, по пет години, а тоа што го виделе внатре ги оставило без зборови сите.

Јајцето и по пет години не само што ја задржало целата свежина во себе, туку воопшто и не испуштало трул мирис, карактеристичен за расипианите јајца.

Ова е втор ваков случај на чудесно пројавување на Божјата сила, велат Македонците од Австралија.  Додека отец Гаврил бил во манастирот Св. Прохор Пчински во Донибрук, тој скрши велигденското црвено јајце кое било чувано на плаштеницата од предходниот Велигден и се потврдило чудото во Православната Црква дека црвените Велигденски јајца кои се бојадисуваат на Велики Четврток не трулат, велат Македонците од Австралија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *