Почетна Вера Ноќта на патувањето на Мухамед одбележана во џамиите во Македонија
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Ноќта на патувањето на Мухамед одбележана во џамиите во Македонија

81
0

Муслиманите во светот синоќа го одбележаа Лејлетул Мираџ, ноќта посветена на Божјиот Пратеник Мухамед. Според преданието на Исламот, Мухамед во оваа ноќ за еден час стигнал од Мека до Ерусалим. Ова патување се нарекува Исра. Од таму бил издигнат над седумте небеси за да лично разговара со Возвишениот Господар. Овој настан пак се нарекува Мираџ.

Во оваа ноќ биле објавени и пет духовни намази, кои од таа ноќ се практикуваат веќе 14 века.

Во џамиите на сите муфтиства на ИВЗ во Македонија синоќа исто така беше одбележан овој празник.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *