Почетна Вера Денеска е Рамазан бајрам, како се слави?
Денеска е Рамазан бајрам, како се слави?

Денеска е Рамазан бајрам, како се слави?

1.53K
0

За Рамазан се вели дека е Султанот на 11-те месеци. Верниците во текот на цел еден месец не јадеа и не пиеја ништо од изгрејсонце до зајдисонце. Се чуваа да не направат било каков грев, а сега со завршувањето на постите го слават Рамазан бајрам. Насекаде таму каде што живее Муслиманот низ целиот свет се слави Рамазан бајрам.

Бајрамот првин се слави во домот. Мажите во раните утрински часови итаат на првиот бајрамски намаз, а жените кои исто така стануваат рано и ги подготвуваат мажите за во џамија ги будат децата, ги облекуваат во најубавата и нова облека и заедно ги чекаат машките членови од семејството да се вратат од џамија. Кога сето семејство ќе се собере дома, почнува меѓусебното честитање на бајрамот. Пред тоа мажите кои биле на бајрам намазот на излегување од џамија си честитаат бајрам едни на други и си посакуваат уште многу години заеднички и среќен живот.

RAMAZAN 2После честитањето во кругот на семејството се оди на честитање на постарите роднини и пријатели ако живеат во истиот град или село, а ако не, честитките се реализираат преку телефон или другите видови на комуникација, а денес веќе и преку раширената појава на социјалните мрежи на интернет.

Децата добиваат подароци и пари како од повозрасните членови на семејството така и од гостите, роднините и пријателите кои доаѓаат или кај кои се оди на честитање.

Бајрамскиот ручек е богат со разни видови јадења и секако со традиционалната баклава.

Бајрамските празнични денови поминуваат во весела и срдечна атмосфера, со чувството на гордост и среќа поради припадноста на муслиманската вера. Бајрамот е исто така време на помирување на скараните на љубење рака на постарите и на делење подароци и пари на децата.

Постарите на бајрам секогаш копнеат по младоста велејќи “ ех, каде се старите денови кога се славеше бајрам“. Најмногу се радуваат децата бидејќи добиваат голем број подароци, но и нова облека, нови кондури, понекогаш велосипеди и играчки. Децата исто така добиваат чоколади и бонбони кога и да заѕвонат на ѕвоното на кој било дом.

RAMAZANБајрамот се слави со големи прослави во целиот муслимански свет. Почнувајќи од далечната Кина во регионите каде што живеат муслиманите Ујгури, па преку азиските земји, Индонезија, до земјите на Блискиот исток, Палестина, африканските земји и земјите на Балканот, дури и до Европа, насекаде каде што се распространети Муслиманите, било во заедници или поединечно.

Бајрамот е исто така повод да се истакнува солидарност со Муслиманите кои трпат маки, кои што живеат во услови на војна и кои што се потчинети. Се испраќаат пораки полни со солидарност, изрази на морална помош и пораки за што поскоро поминување на мачните и тешките денови.

Бајрамот е исто така повод за да се потсети на сиромашните, децата без родители и осамените. Малите садаки кои ќе се приложат на нивна адреса можат да предизвикаат голема среќа кај овие луѓе.

Тоа е должност на секој Муслиман во Бајрам.

/ТРТ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *