Почетна Вера Заев во Арачиново: Универзални се вредностите на празникот Курбан Бајрам
Заев во Арачиново: Универзални се вредностите на празникот Курбан Бајрам

Заев во Арачиново: Универзални се вредностите на празникот Курбан Бајрам

159
0

Курбан Бајрам многу богат и важен празник, празник на солидарноста, хуманоста и грижата кон најблиските. Овој ден е водилка за секој исламски верник да се грижи за семејството, соседите и пријателите, за оние на кои им е најпотребна помош, за разбирачка и мирен живот, рече претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев за време на денешната посета на општината Арачиново по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

„Овие вредности се универзални, столбови на секоја религија, патокази кон унапредување на животниот морал кон кои треба да тежнее секој човек, без разлика на верската или националната припадност“.

Благородните пораки што ги испраќа овој празник повикуваат на практикување на една поинаква политика во која културните, етничките и верските разлики се богатство и непроценлива уникатна вредност, истакна премиерот и додаде дека „почитувајќи се едни со други создаваме општество за сите и градиме една, наша Макдонија за сите“.

Владата на Република Македонија води политика со која нашата земја ќе се изгради како граѓанска држава на сите што живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други помали заедници. „Не сакаме да ги попречуваме разликите, па дури ни да ги намалуваме тие разлики“, нагласи премиерот Заев.

/МКД.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *