Почетна Вера Најстариот имам ја доби најголемата џамија
Најстариот имам ја доби најголемата џамија

Најстариот имам ја доби најголемата џамија

140
0

Највозрасниот и според оценките на муслиманите во Македонија еден од најпочитуваните имами, Адем Идризи ја добил довербата да ја води, најголемата џамија во Скопје. Тој од денеска е имам на „Мустафа Пашината Џамија“ во Скопје.

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во просториите на ИВЗ, свечено му го предал декретот со кој го назначува за имам на џамијата „Мустафа Паша“, која е под дирекни ингеренции на Ријасетот на ИВЗ.

Адем Идризи е еден од најпосветените и почитувани имами во Македонија. Повеќе од половина век активно се посветил на исламот.

Поглаварот Реџепи му посакал со успех да ја врши функцијата имам, а Идризи се заблагодарил што ја добил довербата да ја води најубавата џамија во Скопје.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *