Почетна Вера Премиерот Заев во џамија на молитва за Курбан Барјам
Премиерот Заев во џамија на молитва за Курбан Барјам

Премиерот Заев во џамија на молитва за Курбан Барјам

398
0

Премиерот Зоран Заев по повод верскиот празник Курбан Бајрам, што го празнуваат верниците со исламска вероисповест, утрово присуствуваше на молитва, Бајрам намаз, во Мустафа-пашината џамија во Скопје.

Премиерот го придружуваше и пратеникот Мухамед Зекири, потпретседателот на СДСМ.

По повод празникот премиерот Заев ќе ја посети и скопската општина Арачиново.

Зоран Заев е вториот премиер после Никола Груевски кој присуствува на утринска молитва за некој од муслиманските празници.

Груевски во 2007 година присуствуваше на молитва во џамија по повод празникот Рамазан Бајрам во Султан Муратовата џамија во Скопје.

Инаку, друг висок политичар кој влегол во џамија за време на празниците, но после извршување на молитвата беше поранешниот претседател Борис Трајковски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *