Почетна Вера Реџепи: Подадете им рака на оние кои имаат помалку од Вас
Реџепи: Подадете им рака на оние кои имаат помалку од Вас

Реџепи: Подадете им рака на оние кои имаат помалку од Вас

15
0

По повод празникот Курбан Бајрам Исламската верска заедница во Македонија испрати порака до верниците муслимани во земјава со која им го честата празникот и им посочува духовна порака за значењето на овој голем празник во исламот.

Според поглаварот Сулејман Реџепи, Курбан Бајрам е празник кој треба на сите муслимани да им биде поука во животот дека треба постојано да им помагаат на сиромашните.

Пораката за празникот Курбан Бајрам на поглаварот на ИВЗ во Македонија, Сулејман Реџепи ја пренесуваме интегрално:

Драги верници,

Ја започнувам оваа моја порака со зборовите на нашиот Пејгамбер, Мухамед а.с. кој што вели дека муслиманот во својот живот има два празници: Фитр Бајрам и утрешниот празник  Курбан Бајрам.

Овој свет празничен ден, за нас го претставува најискрениот чин што се однесува до нашата верба кон Бога.

После клањањето на намазот, ќе колеме курбани!

Ќе го поделиме нивното месо на сиромашните со цел во овој празничен ден и тие да имаат по богата трпеза. Пружете си рака и прегрнете се со сите членови на семејството, со вашите луѓе, со пријателите и соседите.

Посакувајќи им здравје на нашите браќа и сестри што се наоѓаат на Хаџ и молејќи го Севишниот  да им ги прими сите молитви и ибадети извршени во светите места, ви пожелувам на сите Среќен Курбан Бајрам!

Реисул Улема на ИВЗ во РМ

Х.Сулејман Реџепи

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *