Почетна Вера ИВЗ со свечена академија ја прослави Муслиманската нова година
ИВЗ со свечена академија ја прослави Муслиманската нова година

ИВЗ со свечена академија ја прослави Муслиманската нова година

99
0

Со свечена академија која што се одржа во Македонскиот народен театар, Исламската верска заедница на Република Македонија (ИВЗ) ја одбележа промената на календарската година во исламот, Хиџрет, која е поврзана со преселбата на пророкот Мухамед од градот Мека во Медина, јавува Anadolu Agency (AA).

akademija-ivsПретставници на верскиот живот во регионот, претставници на дипломатскиот кор во Република Македонија и личности од политичкиот и општествениот живот присуствуваа на свеченоста каде што имаа можност да слушаат читање на делови од светата муслиманска книга Куранот и стихови на верски песни на албански, турски и босански јазик, со што се одразува етничката разновидност на муслиманите во Македонија.

Поглаварот на ИВЗ во Македонија, Сулејман ефенди Реџепи во својот говор зборуваше за „Хиџрет” од аспект на моменталната ситуација. Во својот говор, Реџепи рече дека „Хиџрет” во смисла, во која тоа го направил пророкот Мухамед, правејќи вистински физички Хиџрет беше последен, но муслиманите се уште како алатка го користат духовниот Хиџрет.

Главниот муфтија на Косово, Наим Трнава, упати честитки до сите муслимани низ светот за овој посебен ден во исламскиот календар. Во својата честитка тој посака благосостојба за сите верници од целиот свет, повикувајќи на хуманост, солидарност и соработка меѓу луѓето.

На крајот на свеченоста ИВЗ доделени дипломи на хафизите, лицата кои го научиле Куранот напамет.

Муслиманите го сметаат времето според исламскиот Хиџретски календар, кој има 12 месеци, а почетокот и крајот на годината се одредуваат според месечевите фази.Ги бројат годините од Хиџра во 622 година од Грегоријанскиот календар, односно од моментот кога пророкот Мухамед со своите следбеници заминал од Мека во Медина

Муслиманската година е пократка од грегоријанската бидејќи нејзините месеци имаат по 29 или по 30 дена. Годината според овој календар има 354 дена, поради што муслиманската Нова година секоја година се одбележува 11 дена порано од претходната.

/AA.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *