Почетна Вера ГРУЕВСКИ: Да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок
ГРУЕВСКИ: Да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок

ГРУЕВСКИ: Да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок

130
0

Хуманоста и меѓучовечката љубов се симболите на овој празник. Верниците кои денес празнуваат нека ги споделуваат вредностите на простувањето и солидарноста, бидејќи овие универзални вредности се темелот на традицијата која на овие простори се одржала низ вековите, напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски во честитката за големиот муслимански празник Курбан Бајрам.

-Љубовта и подадената рака кон својот ближен, роднина, сосед и пријател го прави нашето општество подобро и ги зацврстува врските меѓу луѓето. Вредностите на толеранција, разбирање и меѓусебна помош кои нашите предци ги пренесувале од колено на колено се доказ за богатството на нашето мултикултурно и мултиконфесионално општество кое е градено низ годините и кое секој од нас е должен да го почитува и да го пренесува. Само така ќе продолжиме да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок, се наведува во честитката.

Во честитката Груевски вели празничните мигови да донесат радост, бериќет и успеси на секој верник, но и среќа и надеж за подобро утре на секој граѓанин во нашата заедничка татковина, затоа што радоста и бериќетот на нашиот пријател или сосед е радост и просперитет за секој од нас.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *