Почетна Политичка теологија Македонија мора да ја унапредува верската почит и толеранција

Македонија мора да ја унапредува верската почит и толеранција

280
0

Eмисијата „Детектор“ на ТВ Сител, во последната неделна епизода беше посветена на религијата и слободата на верско изразување.Гостуваа Александар Спасеновски – професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Мерсиха Смаиловиќ, граѓанска активистка и Радмила Заревска, новинар во „Нова Македонија“.

-Заради традиционалноста на нашето општество и некои други фактори, бројот на граѓаните кои за себе сметаат дека се религиозни во многу поголема мера отстапува во позитивна смисла во споредба со државите членки на ЕУ, каде што просекот на религиозно население се движи од 25 – 50%, вели професор Александар Спасеновски.

Според новинарката Радмила Заревска верските заедници треба да направат некои поместување и да го прилагодат верското учење на возраста.

-Со изучувањето на религијата прво сопствената, а потоа на другиот треба да создадеме потолерантни генерации, со високи етички и морални доблести, затоа што секоја од религиите не учи на позитивни вредности, посочува Заревска.

Ако се залагаме за секуларно општество тогаш сите верски заедници треба да бидат во таа линија. Особено доколку сакаме заеднички да пристапат кон некои процеси тогаш не треба секоја верска заедница да ги води битките самостојно, истакнува граѓанската активистка Мерсиха Смаиловиќ.

Гостите во емисијата едногласно се задоволни за степенот на толеранција на граѓаните меѓу себе и од односот на институциите кон граѓаните независно на нивната верска и етничка припадност.

-Не се чувствуваме дискриминирани, и не постојат законски механизми и пречки кои вас ве дискриминираат, тоа е првиот чекор во градењето на едно толерантно општество, истакнува Смаиловиќ, а на неа се надоврзува новинарката Заревска потврдувајќи дека „во Македонија има традицијата на соживот која се пренесува од нашите баби и дедовци“.

-Ние треба да го негуваме тој концепт на меѓуверска и меѓуетничка толеранција. Многу европски земји може да угледаат на нас и да го преземат нашиот модел, вели таа.

-Државата и институциите треба да се вложат за да се одржи ова ниво на перцепција на граѓаните во однос на почитување на верските слободи и права, заокружува професорот Спасеновски.

Погледнете ја целата емисија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *