Почетна Политичка теологија ИЗВЕШТАЈ: Британија и Русија во десет најлоши држави за верските слободи
ИЗВЕШТАЈ: Британија и Русија во десет најлоши држави за верските слободи

ИЗВЕШТАЈ: Британија и Русија во десет најлоши држави за верските слободи

1
0

Речиси 80% од светското население живее во земји со „високо“ или „многу високо“ ниво на ограничувања на верските слободи. Ова како клучен факт го покажува најновиот извештај за практикување на слободата на вероисповест во светот, кој беше објавен во Велика Британија, а подготвен од од мешовита парламентарна група.

На листата од десет држави, кои се рангирани како најлошите земји за верска слобода и засегнати религии се наоѓаат и две европски држави .И тоа Велика Британија, рангирана како трета најлоша држава за верските слободи, во која бројот на антисемитски инциденти се зголемил за повеќе од една третина од рекордно ниво во 2016 година. Нападите против муслиманите во Лондон од 343 инциденти во 2013 година се искачиле на 1.260 случаи до 2016 година. Токму Евреите и Муслиманите во Велика Британија се најпогодени во слободата на вероисповест.

Следната европска држава која се најде во оваа листа е Русија, рангирана веднаш по Велика Британија. Таму на удар се Јеховините сведоци. Во јули 2016 година, руската влада воведе строги ограничувања за верската слобода. Русија ги забрани Јеховините сведоци следната 2017 година во. Властите покренаа 181 случај против нив,а вршеа и претреси и упади на  нивните состаноци.

Еритреја е прва на листата десет држави со најзагорезена слобода на вероисповест. Евангелските христијани се затвараат и мачат од страна на властите.

-Постојат веродостојни извештаи за женски христијански затвореници кои се тепани и удирани по нивните утроби, за да ги спречат да имаат деца”, стои во извештајот.

Постојаните терористички напади врз Коптите, го рангираше Египет на втората поиција.

Атеистите и шиитски муслимани се постојано на удар во Саудиска Арабија.  Да се биде атеист во Саудиска Арабија, значи постојано да и подложен на казна затвор, физичко казнување. Ахмад Ал Шамри, 29-годишен маж, беше осуден на смрт во 2017 година под обвинение за атеизам и богохулење.

На листата се и Иран, Кина, Виетнам, Мјанмар, Бангладеш.

-Говорот на омраза се појавува во училишните учебници против одредени религии. Хјуман Рајтс Воч покажа дека “студентите во саудиските училишта се учат на омраза кон сите оние кои се сметаат дека имаат поинаква вера или мисла”. Евреите и христијаните се означени како “неверници” со кои муслиманите не треба да се дружат. ” Закони за богохулство постојат во неколку земји. Законите за борба против тероризмот се користат за да се овозможи борба против религијата. Минатата година пет христијански членови на црквата во Иран беа уапсени на пикник и обвинети за “постапување против националната безбедност”, пишува во заклучоците од извештајот.

Инаку Македонија  во речиси сите меѓународни извештаи е дел од групата на држави во кои генерално се почитува слободата на вероисповед.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *