Почетна Политичка теологија Светот ја менува верската слика – за четири децении ист број муслимани и христијани
Светот ја менува верската слика – за четири децении ист број муслимани и христијани

Светот ја менува верската слика – за четири децении ист број муслимани и христијани

321
0

Верскиот профил на светот забрзано ќе се менува, водено  првенствено од разликите во стапките на природниот прираст кај припадниците на главните религии во светот, покажуваат анализите на најновото глобално истражување за проекциите на светските религии во период од 50 години, направено од „Пју истражувачкиот центар“ (Pew Research), пишува порталот „Религија.мк“.

Ако, продолжи сегашниот тренд во текот на следните четири децении, христијаните ќе останат најголемата верска група, но бројот на муслимани речиси ќе се изедначи со бројот на христијаните во целиот свет.

Покрај оваа клучна карактеристика што по 4 децении ќе ја има светот, аналитичарите на американскиот истражувачки центар предвидуваат уште неколку карактеристики на новиот верски профил на светот.

-Атеистите, агностиците и други луѓе кои не се поистоветуваат со ниту една религија, иако сега покажува тренд на зголемување на овој процент во земји како што се САД и Франција –  сепак во иднина тие ќе се сочинуваат со намалување во уделот на вкупното население во светот.

-Будистичкото население ќе биде приближно со процент како што беше во 2010 година, додека на хинду и еврејското население ќе има мало зголемување.

-Во Европа, муслиманите ќе сочинуваат 10% од вкупната популација.

-Индија ќе го задржи хинду мнозинство, но, исто така, таму ќе биде најголемата муслиманска популација во која било држава во светот, надминувајќи ја Индонезија.

– Муслиманите во САД ќе бидат побројни отколку луѓето кои се идентификуваат со еврејската религија.

-Четири од секои 10 христијани во светот ќе живеат во суб-сахарска Африка.

Според „Пју истражувачкиот центар“ (Pew Research), во овие рамки ќе се демографската проекција во поглед на верските белези на светот.

Научниците во САД, утврдиле дека според ова истражување, во 2015 години христијаните биле најголемата верска група во светот, што претставува речиси една третина (31%) од вкупното население на Земјата од 7,3 милијарди луѓе. Муслимани се втори, со 1,8 милијарди луѓе, или 24% од светската популација.

Според нивните анализи, во периодот помеѓу 2015 и 2060 година, населението во светот се очекува да се зголеми за 32%, и во бројки би изнесувал околу 9,6 милијарди. Во текот на истиот период, бројот на муслимани – најголемата религиозна група со најмладата популација и највисока плодноста – е проектиран да се зголеми за 70%. Истовремено пак бројот на христијаните е проектиран да се зголеми за 34%.

Како резултат на тоа, според проекциите на Истражувачкиот центар Пју, до 2060 година, муслиманите и христијаните ќе бидат речиси идентично застапени во светската популација. Заедно двете религии ќе имаат повеќе од две третини од населението. „ПЈУ Истражувачкиот центар“ предвидува дека таа година во светот ќе има 3,0 милијарди муслимани, или 31% од населението. Бројот на христијани би бил само околу 100 милиони повеќе 3,1 милијарди луѓе, или 32%.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *