Почетна Политичка теологија АНКЕТА: Црквите и Џамиите полни само неколку пати годишно
АНКЕТА: Црквите и Џамиите полни само неколку пати годишно

АНКЕТА: Црквите и Џамиите полни само неколку пати годишно

256
0

Религија.мк, во следниот период поединечно, со анализа ќе ги објави сите прашања од обемното истражување за перцепцијата на граѓаните за религиите во Македонија, спроведено со ИПИС, а поддржано од фондацијата Конрад Аденауер.

Претстојните божикни празници ќе бидат периодот кога исполнетоста на хрмаовите на МПЦ ќе ја отслика реалната состојба со пркатикувањето на верата од страна на верниците. Односно ова ќе биде еден од најмногу трите или четирите денови во годината на кои најголем процент од верниците одат в црква.

odenje-2Тоа го покажува и истражувањето на Религија.мк, ИПИС, а поддржано од КАС, (Фондацијата Конрад Аденауер), според кое 34.4% од испитаниците одговориле дека во црква или во џамија одат само неколку пати годишно. 25.7% од нив пак верските објекти ги посетуваат еднаш до двапати месечно, а секоја недела в црква или џамија одат 12.2% од верницте.  Секојдневно посетување на верските објакти, практикуваат само 4.9% од испитаниците.

Останатиот процент анкетирани е распрделен во групата на луѓе кои во верските храмови влегуваат најмногу само еднаш во годината, или еднаш во неколку години, или пак воопшто не одат.

odenjeИ ова прашање од обемното истражување открива парадоксални сотсојби. На пример високи 10,4% од анкетираните одговориле дека воопшто не одат во верските храмови. Што пак е само по себе парадокаслно, затоа што на прашањето за верска определба, само 2,4% се декларирале како атеисти и логично би било тие да не одат воверски објекти. Тоа значи дека 8% анкетирани, кои за себе изјавиле дека се припадници на некоја верска група, воопшто не одат во објектите на тие верски заедници.

Анализата пак на верската определба на испитаниците покажува уште по парадоксални состојби. На пример, високи 28.3% од испитаниците муслимани одговориле дека воопшто не одат во џамија, за разлика од нив, секојдневно в џамија одат 19.2% Муслимани.

odenje-1Кај православните Христијани пак состојбата е малку поинаква. Никогаш в Црква не влегле 4.3% од анкетираните, додека само 1% од декларираните православни Христијани секојдневно одав в Црква.Изненадувачки пак е процентот на оние коим одат барем еднаш или два пат на литургија во месецот. Такви има 31.3% православни Христијани. Сепак највисок е процентот на овие кои в Црква одат неколку пати годишно. Тие се 41.9% православни Христијани.

Анализата за местот на живеење покажува дека најголем процент кои секојдневно или секоја недела одат во црква и џамија се оние испитаници кои живеат во селските средини. Додека во градските средини се запазува континуитетот за посета на верските објекти неколку пати гоидишно.

(ПРОДОЛЖУВА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *