Почетна Политичка теологија Секој втор православен никогаш не зел Библија в раце
Секој втор православен никогаш не зел Библија в раце

Секој втор православен никогаш не зел Библија в раце

529
0

Религија.мк, во следниот период поединечно, со анализа ќе ги објави сите прашања од обемното истражување за перцепцијата на граѓаните за религиите во Македонија, спроведено со ИПИС, а поддржано од фондацијата Конрад Аденауер.

Се декларираат како верници, а никогаш немаат прочитано ниту делови од изворните книги на религијата на која припаѓаат.

Истражувањето на Религија.мк, ИПИС и КАС, за перцепцијата на граѓаните за религиите во Македонија, открива чудни податоци.

knigi-2И покрај високиот процент на верска определба на граѓаните, високи 46.4 % од испитаниците одговориле дека никогаш ја немаат прочитано, Билијата, Коранот или Тората, ниту пак прочитале делови од овие книги – основа на верските учења на кои припаѓаат. Само 52.7% одговориле дека ги имаат читано овие книги, или пак делови од нив.

knigi-1Анализирано по верска припадност, високи 54% од православните Христијани, никогаш не прочитале ништо од Библијата. Тој процент пак кај Муслиманите е многу понизок. Што пишува во Куранот не знаат само 19,2% од испитаниците Муслимани.

Во оваа анализа, интересен за потенцирање е податокот дека дури 37% од декларираните атеисти, рекле дека ги имаат читано, или пак читале делови од овие верски книги.

knigi-5Ако се направи анализа врз основа на возраста на испитаниците, тогаш може да се види дека од оние испитаници кои ги читале верските книги, најмногу се млади до 29 години и до 39 години. Најмалку запознаени со содржината на верските книги се лицата над 60 годишна возраст.

Уште попоразителни се бројките за тоа колку малку верниците во Македонија знаат за различните од себе по верска определба.

Рекордни 91.7% од испитаниците одговориле дека никогаш не прочитале ништо од верските книги на различните од себе, а само 7% од испитаниците имаат прочитано делови од овие книги, кои се однесуваат на друга религија.

knigi-4На пример, само 3,1% од анкетираните припадници на Православната религија одговориле дека го читале или пак прочитале делови од Куранот. 18.3% Муслимани пак знаат за Библијата од прочитани делови. Овој процент е речиси идентичен и при анализата на етничката структура на испитаниците.

(ПРОДОЛЖУВА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *