Почетна Политичка теологија Поимот „толеранција“ и Исламот
Поимот „толеранција“ и Исламот

Поимот „толеранција“ и Исламот

501
0

„Религија.мк“ во неколку продолженија ја објавува, анализата на тетовскиот Муфтија, доц. Д-р, Ќани Несими, која се однесува на „Културата на религиозната толеранција(тахаллум) на Османлиската Империја. Текстот претставува аналитички осврт за поимот „толееранција“ во Исламот, одност на исламот кон другите конфесии, улогата на османлиската империја и исламот на Балканот и низа прашања кои се поврзани на ова тема.

Кога се има во предвид идејата, дека цивилизација значи снабдување со техника и знаење, а културата ја презентира структурата на општествените односи, интелектуалноста и вредностите на една заедница, можно е слободно и одговорно да се заклучи, дека социјално-економските односи во општеството, интелектуализмот и вредностите на заедницата се главните и неопходните услови, без некој индивидуализам, екстремизам или пуританизам, за да се има една маѓепсна култура.

Културата на толеранцијата, всушност, е признавање или подржување на другиот како Божје створење, како најдобри Божји образ измеѓу створењата. Така што, човекот со покажуваната толеранција кон другиот, покажува дека тој ја поддржува и својата персонална цел за што е и створен. Со други зборови, човекот со своите толерантни становишта и дејствувања кон другиот, во истиот момент тој го манифестира својот езотеричен свет, што значи дека, тој се покажува себеси кој е и што е во суштина.

Во суфијската литература се вели дека, мојата цел во мене е човекот Божји како гласоносител на Божји Дух за мојот свет и за светот на моите ближни, без кои човекот ќе немаше друга можност да го гледа својото лице или својото его и ќе немаше можност во него да најде трагови на присатноста и ушаторување на Лицето Божја. Слободно можеме да бидеме уверени и убедени во тоа дека, внатрешниот свет на другиот или на мојот ближен другар, може да содржува во себеси такви важни знакови за упатство во мојата стаза за спасење.

Во врска со ова теза Посланик на Исламот, Мухамед а.с., рекол: Тој што се предал на Бога (муслим) е огледало за другиот кој е исто така предан на Бога.

Во исламската литература за толеранцијата во арапскиот јазик се употребува зборот тесамух, но во турски јазик зборот хосгору.

И ако овие два збора повеќе се преведуваат како толеранција, според некои исламски научници, наведените зборови имаат по опширно и поголемо значење. Научниците, како што се Хусејин Батухан и Џемил Мерич, зборот тесамух не го преведуваат како толеранција, поради фактот што тој збор во себе не опфаќа една по опширна коегзистенција, односно едена реципрочена почит или седење и заедничко живеење. Така што со истакнувањето на чинот на толеранцијата истовремено се подразбира дека си принуден да го прифатиш и да го признаеш другиот, иако е тоа што не ти се допаѓа, било тоа да го сакаш или не. Значи тука е во прашање мачење на себеси.

Но, суштинската идеологија на исламска толеранција (тесамух и хоşгöрü) представувало нешто повеќе од тоа што значи зборот толеранција во другите култури и цивилизации. Во исламската толеранција нема мачење на себеси, туку има признавање со задоволство на реалноста.

На пример, кога во Исламот на еден муслиман му се дозволува да се ожени за една немуслиманка (ехли китап), ова не го прави за да го мачи или малтретира муслиманот, за да тој мисли дека нема друго што да прави и е принуден да се однесува така. Но, муслиманот треба да мисли и да верува, ако неговата жена е од следбениците на книгата (христијанка и еврејка), дека треба да го респектира нејзиното верување и нејзините мислења во всрка со таа вера во која таа и верува. Сето ова е поради тоа, што во Исламот нема концепт на принуда (икрах) кон другиот.

Освен горенаведенето, во врска со толеранцијата во Исламската литература се употребува и зборот тахаллум. Во овој контекст, толеранцијата (тахаллум) како метафизичка и онтолошка Божја благост представува метакозмичко-космоисториски налог за воспоставување една целина/Целина чија субстанцијално богатство го симболизира универзалниот наследник на Адемовото лице во Земјата.

Kenan Nesimi Muftija Tetovo malaВо врска со предходната теза, можеме потполно слободно да наведуваме дека, да беше Исламскиот Пратеник, или по опширно кажано, да беа пророците на културата на примордијална Аврахамовска традиција, сепаратисти, нетолерантни, екстремисти, нереспектабилни, пуританисти, итн., а верата на Бога, односно Исламот екстремистичка, сепаратистичка, нетолерантна, нереспектабилна, пуританистичка, итн., религија, вера или секта, никогаш немаше да биде светска цивилизација, како што е во сегашните времиња.

доц. д-р, Ќани Несими, Тетовски Муфтија (ИВЗ)

(ПРОДОЛЖУВА)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *