Почетна Политичка теологија Во Атина протести против истополовите бракови – грчко православно семејство е татко, мајка и деца
Во Атина протести против истополовите бракови – грчко православно семејство е татко, мајка и деца

Во Атина протести против истополовите бракови – грчко православно семејство е татко, мајка и деца

1.12K
0

Околу 4.000 луѓе се собраа во Атина против законот со кој се отвора пат за истополовите бракови со право за посвојување деца, соопшти денес грчката полиција.

Протестот е одржан неколку дена пред гласањето во парламентот за таа важна реформа во Грција.

Демонстрантите, собрани кај парламентот, каде во среда или четврток би требало да биде усвоен нацрт законот кој го предложи конзервативната влада, истакнаа транспаренти на кои пишуваше „Не за хомосексуалното родителство“ и „Грчкото православно семејство е татко, мајка и деца“.

Собраните, кои се одзваа на повикот на организацијата „Не ја менуваме институцијата семејство“ скандираа „Не ги чепкајте децата“.

На собирот имаше неколку православни свештеници и монахињи, луѓе со крстови, но и голем број поддржувачи на екстремно десничарската партија Ники, вклучувајќи го нејзиниот лидер Димитрис Нациос.

До сега за хомосексуалните двојки со деца, родителско право над децата имаше само биолошкиот родител.

Се очекува парламентот да го усвои законот откако неколку опозициски партии најавија намера да гласаат за текстот, меѓу нив и левичарска Сириза, чиј лидер Стефанос Каселакис неодамна се венча со својот партнер во Соединетите Американски Држави.

Усвојувањето на законот е прилично контроверзен чекот во земјата во која традиционалниот семеен модел сè уште во голема мера преовладува.

Иако анкетите покажуваат дека Грците не се против легализација на истополовите бракови, големо мнозинство од нив се противи на правото на усвојување деца за истополовите двојки.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *