Митрополитот Георгиј и градоначалникот на Вевчани разговараа за соработката меѓу општината и Црквата

Date:

Share post:

Зачувувањето на духовното, културното и историското наследство на Вевчанскиот крај било во фокусот на средбата меѓу дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј и градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски.

Средбата се одржала денеска, 2 ноември, во просториите на Дебарско-кичевската митрополија.

Како што информираат од Митрополијата, двајцата разговарале за досегашната соработка меѓу Епархијата и Општина Вевчани, но и за можностите таа да се продлабочи преку заеднички активности за зачувување и афирмација на локалното духовно, културно и историско наследство.

На средбата била истакната подготвеноста за продолжување на соработката меѓу Црквата и локалната самоуправа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img