МПЦ-ОА почна изградба на нова митрополија во штипската населба Пролет, наменета за потребите на Брегалничката епархија. Камен-темелникот беше осветен на 1 ноември од архиепископот Стефан и архиереите на МПЦ-ОА.
Објектот ќе биде изграден според проектот на штипската фирма „Студио Атриум“, додека градежните работи ѝ се доверени на компанијата „Жикол“ од Струмица.
Осветувањето на камен-темелникот се одржа во присуство на архиереите на МПЦ-ОА, на денот кога во соборниот храм „Свети Николај“ во Штип беше одбележана и 20-годишнината од епископската служба на митрополитот брегалнички Иларион.
Новата митрополија ќе биде седиште и административен објект на Брегалничката епархија.





