Владици Георгиј и Партениј сослужуваа за Света Петка во Дебар

Date:

Share post:

Дебар вчера го одбележа празникот на преподобната Параскева Епиватска со архиерејска литургија во храмот посветен на светителката, на која сослужуваа Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј и епископот Антаниски Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.

На светата Литургија, двајцата архиереи сослужуваа со свештенослужители од епархијата и Бигорската обител. Меѓу нив беа архимандритот Доситеј, јеромонахот Ефросиниј, протопрезвитерот Никола Христоски, дебарскиот свештеник Миле Ангелески, јероѓаконот Порфириј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Во рамки на празничното богослужение, митрополитот Георгиј одржа пастирско слово посветено на животот и духовниот пример на преподобната Параскева, истакнувајќи ги смирението, молитвата и пожртвуваната љубов кон Христа како основни обележја на нејзиниот подвиг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img