Вартоломеј: Црквата не може да го проповеда Воскресението, а да молчи за мирот

Date:

Share post:

„Црквата што го проповеда Воскресението мора истовремено да го проповеда и мирот“. Со оваа порака Вселенскиот патријарх Вартоломеј се обрати на меѓународната средба „Разоружан и разоружувачки мир“, што се одржува во Асизи, во организација на католичката заедница „Сант’Еџидио“.

Говорејќи на форумот „Вселенската патријаршија: од Истокот кон обединет свет“, Вартоломеј го насочи вниманието кон одговорноста на Црквата во светот во кој повторно се продлабочуваат поделбите, а меѓу луѓето се подигаат нови ѕидови.

„Секаде каде што се подигаат нови ѕидови на поделба, Црквата има должност да се моли, да посредува и да ги обновува односите“, порача патријархот.

Тој нагласи дека во центарот на христијанското сведоштво мора да остане човекот, без дискриминација по која било основа. Бојата на кожата, јазикот, религијата и полот, рече Вартоломеј, не можат да го менуваат достоинството на човекот создаден според образот Божји.

За улогата на Вартоломеј во христијанскиот дијалог говореше и историчарот Андреа Рикарди, основач на заедницата „Сант’Еџидио“ пред четири децении.

Рикарди оцени дека за време на 35-годишното патријаршко служење, Вартоломеј не барал моќ, туку поставувал темели чии плодови може да се видат и во иднина.

Тој го истакна и придонесот на Вселенскиот патријарх за заштитата на природата, поради што Вартоломеј е познат како „Зелениот патријарх“. Рикарди потсети дека папата Франциск со енцикликата Laudato si’, посветена на грижата за создадениот свет, ја препознал важноста на

Кардиналот Жан-Марк Авелин, надбискуп на Марсеј и претседател на Француската бискупска конференција, потсети дека Вселенската патријаршија, од времето на патријархот Атинагора до денес, сведочи дека помирувањето е можен избор и во најсложени околности. Тоа е особено важно кога христијанските заедници се ранливи и изложени на притисоци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img