Дебар повторно ги собра на едно место дипломатскиот, верскиот, академскиот и јавниот живот, во рамки на дипломатскиот „ретрит“ организиран од Амбасадата на Албанија. Меѓу учесниците беше и Реисот на Исламската верска заедница во Северна Македонија, Шаќир Фетаху, а во рамки на посетата гостите го посетија и манастирот „Свети Јован Крстител“ – Бигорски.
На средбата во Дебар присуствувале амбасадори и дипломати, ректори од Македонија и Албанија, претставници на академската и деловната заедница, политичари и други јавни личности.
Меѓу нив биле и Реисот Шаќир Фетаху, директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Бесник Емини, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, пратеникот и претседател на Комисијата за надворешна политика Муса Џафери, поранешниот министер Кренар Лога, како и ректорите Артан Хоџа, Садудин Ибрахими и Беким Фетаји.
Разговорите биле посветени на соработката меѓу универзитетите, правните и уставните стандарди, регионалните случувања, заедничките проекти, економијата и дигиталниот развој.
Особен дел од посетата бил и престојот во Бигорскиот манастир, каде што гостите имаа можност да се запознаат со еден од најзначајните духовни и културно-историски центри во овој дел од Македонија.
Средбата во Дебар имала и протоколарен момент – со посебна благодарност бил испратен турскиот амбасадор Фатих Улусој, кој заминува од дипломатската функција во Северна Македонија.
Денот продолжил во неформална атмосфера, со традиционална храна и производи од регионот, а учесниците ја оцениле средбата како можност за отворени разговори и воспоставување конкретна соработка.








