Од тешкото детство во околината на Кочани, преку Скопје и богословијата, до животот во Америка – патот на ѓакон Серафим е животна приказна исполнета со тешкотии, но и со вера.
Роденото име му е Стојанче. Како дете на разведени родители, по одлука на судот заминал да живее кај татко му. Тој период, според неговото сведоштво, бил особено тежок.
„Секаде ми беше поубаво од дома“, раскажува ѓакон Серафим, говорејќи за детството и односот со неговиот татко.
Тој сведочи дека бил физички малтретиран и дека токму во верата го наоѓал спасот и утехата во најтешките моменти.
По години обраќања до социјалните служби во Кочани, конечно бил испратен во дом за деца без родители во Скопје. Оттаму започнува нова етапа од неговиот живот – патот кој подоцна ќе го однесе кон богословијата, кон средбата со архиепископот Стефан и, на крајот, кон Америка.
Денес ѓакон Серафим живее на Хаваи, каде заедно со отец Нектариј се грижи за иконата на Пресвета Богородица, која ја носат меѓу верниците.
Од детето Стојанче од околината на Кочани до ѓакон Серафим на Хаваи, зад неговиот денешен живот стои приказна за детството, страдањето, преселбите, богословијата, верата и заминувањето во Америка.
За своите детски години, животот во Кочани и Скопје, патот кон богословијата, запознавањето со архиепископот Стефан и заминувањето во Америка, ѓакон Серафим зборува во најновото издание на поткастот „Марија во Америка“, објавен на YouTube.
Целата негова животна приказна може да се погледне во најновата епизода.

