Митрополитот Пимен одбележа 20 години од интронизацијата во Европската епархија

Date:

Share post:

Со архиерејски богослужби во храмот „Св. Наум Охридски“ во Малме, Шведска, беше одбележана 20-годишнината од интронизацијата на митрополитот Европски Пимен.

Одбележувањето започна со свечена архиерејска вечерна богослужба, со која началствуваше митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, во молитевно сослужение со епископот Доситеј од Српската православна црква, митрополитот Пимен молитвено присуствуваше на богослужбата.

По вечерната богослужба, во храмот беше приредена трпеза на љубовта, на која продолжи одбележувањето на јубилејот.

Централниот дел од прославата беше архиерејската литургија, отслужена на празникот на светите бесребреници Кузман и Дамјан. Со Литургијата началствуваа митрополитите Пимен и Јосиф, во сослужение со свештенослужители од Европската епархија. Во текот на богослужбата, Патрик Аџиевски беше произведен во чин чтец.

На двете богослужби присуствуваа бројни верници, како и претставници на македонската амбасада во Шведска, шведските институции и Шведската црква.

Со овие богослужби и заедничкото црковно собирање, Европската епархија одбележа две децении од интронизацијата на митрополитот Пимен.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img