Денеска е Духовден – Педесетница, верниците го слават роденденот на Црквата

Date:

Share post:

Православните верници денеска го слават Духовден или Педесетница, денот на Света Троица, кој се нарекува и роденден на Црквата.

Овој празник се слави на 50-тиот ден по Велигден и десеттиот ден по Спасовден. Тој празник бил наречен Света Троица, бидејќи, според Евангелијата, покрај Светиот Отец и Синот, на овој ден физички се појавило и третото лице на Светата Троица – Светиот Дух.

Според Христовото ветување, на педесеттиот ден по Воскресението и десеттиот ден по Вознесението, благодатта на Светиот Дух се спуштила врз учениците на Синот Божји и тие потоа зборувале многу јазици, кои дотогаш не ги знаеле, и оделе по целиот свет да го проповедаат словото Господово.

Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, завршено е основањето на Христовата Црква, и затоа овој празник претставува и „роденден“ на христијанската црква.

Според важноста, во православниот свет, тоа е трет празник, по Велигден и Божиќ, и се одбележува со свечени богослужби во храмовите, каде што верниците се молат за духовен мир, благослов и сила. Првиот ден од Педесетница или Духовден е посветен на евангелскиот настан, слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, Христовите ученици.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here