Митрополитот Брегалнички Иларион, митрополитот Кумановско-осоговски Григориј и митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф служеа Света архиерејска литургија во храмот „Света Троица“ во Куманово, на 21. недела по Педесетница, кога Црквата го одбележува споменот на светите отци од VII Вселенски собор.
На литургијата, отслужена на 25 октомври, сослужуваа надлежниот архиереј, митрополитот Григориј, митрополитот Иларион и митрополитот Јосиф, заедно со свештенослужители на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
На истиот ден Црквата го чествува и споменот на светите маченици Тарах, Пров и Андроник, како и на преподобниот Козма Мајумски.





