Во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан денеска, 23 октомври, за првпат беше отслужен молебен во чест на Свети Еразмо Охридски, на олтарот посветен на овој светител.
Молебенот го отслужи митрополитот Dебарско-кичевски Георгиј, во сослужение на протојереј-ставрофор Никола Христоски.
На молитвеното чествување присуствуваа Сања Митровска, вршител на должноста во Амбасадата на Македонија при Светата Столица, Магдалена Димова, вршител на должноста во македонската амбасада во Италија, како и вработени во двете дипломатски претставништва и претставници на Дебарско-кичевската митрополија.
Молитвениот чин во еден од најзначајните христијански храмови претставува чествување на Свети Еразмо Охридски, светител чие име е поврзано со христијанското духовно наследство на Охрид и Македонија.

