Архиепископот Стефан се сретна со папскиот нунциј во Македонија

Date:

Share post:

Архиепископот охридски и македонски Стефан на 24 ноември остварил средба со апостолскиот папски нунциј во Македонија, надбискупот Лучано Суриани.

Средбата се одржала во архиепископската резиденција во Скопје, а на неа присуствувал и ставрофорниот протојереј Марјан Ристов од Католичката црква во Македонија, информираше Скопската православна епархија.

Од објавената информација на МПЦ-ОА не се соопштуваат дополнителни детали за темите на разговорот, ниту дали биле разгледани конкретни прашања од интерес за двете цркви.

Лучано Суриани е претставник на Светата столица во Македонија, во дипломатска функција која, покрај односите со државните институции, опфаќа и контакти со верските заедници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img