Денеска е Крстовден – денот кога е пронајден светиот крст

Date:

Share post:

Православните верниците денес, 27 септември, го слават есенскиот Крстовден, голем празник познат и како Воздвижение на Чесниот Крст.

Овој празник се одбележува во знак на сеќавање на два исклучително важни настани: денот кога на Голготата бил пронајден и ископан Чесниот Крст, како и денот кога од Персија бил вратен назад во Ерусалим. Крстовден инаку се слави двапати во годината, на 18 јануари (Водокрст) и денес, на 27 септември.

За луѓето родени на овој ден се верува дека на своите плеќи ја носат сенката на Чесниот Крст и дека поради тоа пред Бога се посебно одговорни за своите постапки.

Есенскиот Крстовден е ден на строг пост. Според стариот обичај, на овој ден целиот ден се јаде само грозје и леб. Порано луѓето исклучително строго се држеле до постот, почитувајќи го така споменот на денот на ископувањето и враќањето на Чесниот Крст.

Крстовден е богат со народни обичаи и верувања, од кои некои се сè уште споменуваат и почитуваат

Погледнете го видео календарот за овој празник со отец Бобан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img